„Имрџинг Јуроп“: Политичките превирања во Македонија не ги обесхрабрија странските инвеститори

Овие долгорочни цели беа воспоставени пред десет години, пишува порталот и нагласува дека тогаш економијата на земјата беше на 81-то место во извештајот на Светска Банка, „Дуинг Бизнис“, а нивото на невработеност во земјата која има малку повеќе од 2 милиони жители беше околу 36 отсто.

За нас одржливоста е мошне важна. Со други зборови не е доволно да привлечеме само еден инвеститор, ако тој не е задоволен, ова ќе се одрази и на идните инвестиции. Ако инвеститорот е задоволен тој ќе остане, тој ќе инвестира повеќе, и всушност тоа е она што го бараме, вели вицепремиерот во Владата задолжен за економија Владимир Пешевски за „Имрџинг Јуроп“.

Понатаму се нагласува дека приоритет на владата е да ги елиминира непотребните процедури или да го намали нивниот број како и да ги направи по електронски пат најголемиот број услуги.

Ова заштедува време и ги намалува трошоците и исто така помага да се елиминира корупцијата, вели тој.

Како резултат на ова според последниот извештај на Светска Банка, Дуинг Бизнис Македонија се најде на 12-тото место на глобално ниво и на 6-тото место во Европа, пред големите економии во Европа, како што се Германија, Франција и Шпанија, а е прва помеѓу земјите аспиранти.

Се инвестира во инфраструктурата

Порталот исто така, потенцира дека Владата во Македонија исто така инвестира и во инфраструктурата, а во моментов се градат три автопати.

Во 2011-тата аеродромот Александар Македонски отвори нов терминал и достигна околу 1, 5 милион патници во 2015-тата. Во март 2016-тата Меѓународниот Совет на Аеродроми (ACI) го рангираше овој аеродром како Најдобар Европски аеродром за квалитетот на услугите. Македонија продолжува да ги развива економските зони, а се планира да бидат изградени 14 зони во целата земја. Директорот на ТИРЗ Виктор Мизо посочува дека седум зони ќе бидат оперативни во првата половина од годинава, пишува „Имрџинг Јуроп“.

Целта е да се обезбеди и висококвалификуван кадар

Целта на владата исто така е да обезбеди и високо квалификуван кадар.

Покрај другите реформи, веруваме дека подобрувањето на едукацијата е мошне важно, затоа голем процент од БДП на Македонија се насочува во образованието, вели Пешевски.

Квалификуваниот и евтин работен кадар во Македонија беше една од причините за инвестицијата на Ван Хул. Белгискиот произведувач на автобуси и индустриски возила разгледал голем број локации во Централна Европа, пред да ја избере Македонија.

Сметам дека има голем број инженери, со оглед на големината на земјата. Со оглед на тоа што нашата операција е доста работно интензивна, баравме земја што ќе понуди ниски цени за работната сила. Дополнително додека земјата беше дел од Југославија имавме голема индустрија за автобуси и произведуваме околу 1.000 автобуси годишно. Тоа значи квалификувана работна сила; знаењето и традицијата веќе беа тука. Тоа не е исто и со другите локации. На врвот е што социјалните придонеси, што се задолжителни за сите работодавачи се меѓу најниските во регионот. Тука говорам за пензиското осигурување и даноците, вели Аврам Стојчевски, менаџер во Ван Хул Македонија.

Странските инвеститори за „Имрџинг Јуроп“ велат дека мошне го ценат пристапот на владата и помошта во процесот на инвестицирање.

Во периодот од 2009-тата до 2014-тата компниите инвестираа 1, 72 милијарди долари, од кои 350 милиони само во 2014-тата и нивниот интерес за Македонија е во пораст, според UNCTAD извештајот за Светски инвестиции. Според анализата на владата околу 90 отсто од инвеститорите се задоволни со нивните проекти.