Инагурацијата на Порошенко ќе ја следат повеќе од 20 шефови на држави и влади

На инагурацијата на украинскиот претседател Петро Порошенко, која е закажана за 7 јуни свое присуство потврдиле повеќе од 20 шефови на држави и влади.

Меѓу присутните ќе биде и американскиот потпретседател Џо Бајден, претседателот на Европскиот совет, Херман Помпуј, претседателот на Литванија, Далија Грибаускаите, полскиот претседател Бранислав Коморовски и други.

Русија ќе ја претставува амбасадорот во Киев, Михаил Зубаров, што е и најава за негово враќање по повлекувањето во февруари поради паѓањето од власт на Виктор Јанукович.

Официјална Москва уште службено не ја признала победата на Порошенко, но најави дека ќе соработува со него.