Инаугуриран новиот претседател на Авганистан

Новиот претседател на Авганистан Ашраф Гани положи денеска заклетва на свечена церемонија во Кабул.

Тој го замени Хамид Карзаи во првата демократска транзиција на власта во земјата, откако интервенцијата предводена од САД во 2001 ги симна талибанците од власт.

Карзаи беше единствениот лидер, кој владееше со Авганистан од 2001 година досега.

Шеесет и петгодишниот Гани стапи на должност по шестмесечен постизборен период, кој заврши со маратонски преговори, кои предвидуваат создавање влада на национално единство.