петок, 24 март 2017  |  Вести денес: 45

INC: Македонија е меѓу земјите каде најбрзо се отпочнува бизнис

Според статистиките од британскиот бизнис сајт Approved Index Македонија е меѓу земјите каде најбрзо се отпочнува бизнис.

biznis-mkd-640x499

Последни вести

Според статистиките од британскиот бизнис сајт Approved Index Македонија е меѓу земјите каде најбрзо се отпочнува бизнис.

Можеби мислите дека започнувањето на бизнис може брзо и лесно да се заврши каде било во светот, но не е така, пишува сајтот inc.com.

Според статистиките од британскиот бизнис сајт Approved Index, во 2015 година просечното време за отворање бизнис било 20 дена, а во 2014 година 22 дена.

Нов Зеланд го држи рекордот за земја во која најбрзо се отвора бизнис (помалку од 24 часа), а во Венецуела за тоа се потребни дури 144 дена.

Ова се топ 10 земји во кои најбрзо се започнува бизнис.

Нов Зеланд – 1 ден

Македонија – 1 ден

Канада – 2 дена

Хонгконг – 2 дена

Грузија – 2 дена

Австралија – 3 дена

Португалија – 3 дена

Сингапур – 3 дена

Ерменија – 3 дена

Азербејџан – 3 дена

На овие земји во продолжение им се потребни повеќе денови за отворање бизнис од оние кои се погоре наведени.

-Обединето Кралство – 5 дена

-САД – 6 дена

-Панама – 6 дена

-Мексико – 6 дена

-Германија – 11 дена

-Мадагаскар – 13 дена

-Никарагва – 13 дена

-Доминиканска Република – 15 дена

-Гватемала – 19 дена

-Етиопија – 19 дена

Најчитани вести