Инцестот ќе се легализира и во Германија?

Етичкиот совет на Германија денеска побара да биде укината забраната за инцест меѓу возрасни браќа и сестри.

Предлогот на советот кој има советодавна улога во Владата и Парламентот, Германија ќе ја стави во групата земји како Белгија, Холандија, Шпанија, Португалија и Луксембург каде веќе е легализиран инцестот.

Советот кој го именуваше сојузната влада заедно со пратениците во парламентот, има 26 членови и ги советува политичарите за етичките прашања кои се однесуваат на општествените, научните, здравствените и правните проблеми.

Тоа тело денеска објави документ во кој ги повикува пратениците во парламентот да ја укинат одредбата за инцест во кривичното право, тврдејќи дека тоа “не е работа на кривичното право да наметнува морални мерила ниту да поставува граници на половите односи меѓу зрелите граѓани“.

Инспирацијата за овој предлог дојде од познатиот случај од 2012 година кој се најде пред Европскиот суд за човекови права, односно инцестната врска меѓу Патрик Штубинг и неговата сестра Сузан. Тие растеле одвоено бидејќи Патрик бил посвоен како новороденче и се запознале дури кога имале по дваесетина години. Не знаеле дека се брат и сестра, се засакале, се венчале и добиле 4 деца. Кога ја дознале вистината, Патрик во 2008 година поради инцест е осуден на казна затвор од 3 години, која ја издржал.

Етичкиот совер смета дека кривичниот закон не е соодветен за регулирањето на границите на сексуалното однесување на луѓето.

Еве го видеото за нелегалната љубов на Патрик и Сузан: