Инцидент меѓу кошаркарите на Албанија и Косово на пријателски натпревар

Кошаркарите на Албанија и Косово се степаа во текот на пријателски натпревар во Тирана, пренесуваат косовските медиуми.

Инцидентот го почнале Дардан Бериша и натурализираниот Американец Мајк Мозер за време на дуел без топка.

Бериша не можел да се воздржи откако добил исклучувачка техничка грешка, па почнал да го навредува Американецот на расна основа иако тој не го провоцирал, па почнал и да удира по клупата и по се што му се нашло на патот.

Судиите му наредиле на обезбедувањето да го испратат Бериша во соблекувалната, а тој продолжил да удира во вратите и да пцуе, по што малкубројните гледачи морале да ги напуштат трибините.