Инцидент на дуелот помеѓу Будуќност и Банвит

Голем инцидент се случи на синоќешниот кошаркарски натпревар во Подгорица, откако на дуелот помеѓу Будуќност и Банвит настана тепачка помеѓу навивач и гостинските кошаркари.

Имено, на 2,17 минути пред крајот на мечот, еден хулиган влета на терен и физички сакаше да се пресмета со кошаркарот на турскиот тим, Сами Мехија. Неговиот соиграч Ерл Роуланд застана во негова одбрана и брутално го удри навивачот, по што му се придружи и Мехија. На паркетот настана голема гужва, на теренот втрчаа и претставници на обезбедувањето и полицијата, но за среќа поголем инцидент беше избегнат.

На крајот Турците беа тие кои по инцидентот, и исклучувањата за Мехија и Роуланд, славеа со конечни 74:68. Секако, за очекување се строги казни за вклучените во инцидентот, а особено за домаќинот кој воопшто дозволи хулиганот да залута на паркетот и да ја предизвика мешаницата.