Инцидент на Клиниката за радиологија поради презакажан „мој термин“

Инцидент се случил вчера околу 15 часот во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ поради презакажан „мој термин“.

Четириесет и шестгодишниот И.И. вчера го навредувал персоналот, физички нападнал болничар, а го искршил и стаклото од вратата на ходникот на Клиниката за радиологија, по што интервенирало обезбедувањето.

Причина за ваквото однесување, соопшти денеска МВР, било поради презакажан рок за „мој термин“.

Од страна на полициски службеници сторителот бил приведен во Полициската станица во Кисела Вода. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.