Спорт

Инцидент на кошаркарски натпревар во Србија

Инцидент на кошаркарски натпревар во Србија

Мечот помеѓу екипите на ОКК Јуниор и Бор, кој се играше во рамките на 13-то коло во една од регионалните кошаркарски лиги во Србија, беше прекинат поради тепачка.

Во втората четвртина од натпреварот, при резултат 34:36 на еден од кошаркарите на Бор му беше досудена техничка грешка, при што настана експлозија од негодување кај гостите. Еден од нив буквално влезе во “клинч” со судијата, па службените лица едвај ги разделија.

Нормално, по инцидентот, судиите го прекинаа мечот.