Инцидент на погребот на жртвите од Орландо

Двајца полицајци се повредени на Флорида, откако една жена со автомобил влетала во погребната поворка на една од жртвите во минатонеделниот напад во геј клубот во Орландо и удрила во полицајците на мотори, соопштува локалната полиција.

Инцидентот се случил вчера цво 11.30 часот по локално време во градот Кисми на Флорида, каде се одржувал погребот на Жан Карлос Мендес, убиен во најмасовните пукотници во историјата на САД каде минатиот викенд во геј клубот „Пулс“ во Орландо беа убиени 49 лица, пренесува АФП.

Според портпаролката на сообраќајната полицијан Ким Монтес жената ненамерно удрила во полицајците.

Полицијата објавила дека автомобилот го возела 44-годишната Ивон Роблес Моралес. Таа потоа изјавила дека и’ се причинило дека некој и мавнал да пројде и дека таа поради тоа тргнала да ја премине раскрсницата.

Таа доби парична казна затоа што не ја пропуштила погребната поворка и’ наложено и е да се појави на суд.