Инцидент на поменот на Аркан: Сестрата на Аркан ја навреди Цеца

Јасна Диклиќ, најстарата сестра на Аркан од надгробната плоча ја тргнала корпата во која пејачката донела пченица и послужување, што многу ја разлутило фолк ѕвездата, пишува српски Курир.

Вчера беа обележани 15 години од смртта на Жељко Ражнатовиќ Аркан на белградските Нови гробишта во многу напната ситуација и на раб на инцидент.

ceca_2

Сестрата на Аркан, Јасна Диклиќ, се однесувала многу грубо кон Светлана Цеца Ражнатовиќ. Таа без никаква причина од надгробната плоча ја тргнала корпата во која пејачката донела пченица и послужување. Овој чин многу ја разлутил фолк ѕвездата, вилицата ѝ затреперила и ѝ се гледало на лицето дека тој непримерен гест многу ја погодил, но достоинствено се воздржила да не направи сцена.

Меѓутоа, тука не бил крајот на провокациите од најстарата сестра на покојниот командант на Српската доброволна гарда. Откако свештеникот го завршил опелото, таа одржала говор кој дополнително ја „подгреал“ непријатната атмосфера.

ceca_4– Последните 15 години за брат ми организирам парастоси, а од следната година тоа ќе го прави неговиот син Никола, кој се врати во Србија, рекла Јасна, не спомнувајќи ја својата снаа која секоја година подготвувала помен за својот сопруг.

А кога сакала да додаде уште нешто, ја прекинал Никола и ги повикал присутните да им се придружат на ручек во блискиот ресторан. Сето тоа дополнително влијаело врз расположението на Цеца, па бесна ги напуштила гробиштата. На новинарите не сакала да им даде изјава, а кога подоцна ја повикале, видно посмирена ги прокоментирала случувањата на поменот.

– Сестрата го изгуби својот брат, тоа е никогаш непрежалена болка. Такво нешто Бог да не му даде никому. Сè можам да разберам и сè можам да простам“, изјавила најголемата балканска ѕвезда, пренесува српски Курир.

Децата на Аркан: Никола пристигнал од Америка, Анастасија останала дома поради болест

Никола, синот на Жељко Ражнатовиќ Аркан и Наталија Мартиновиќ, присуствувал на поменот. Тој после 15 години се вратил од Америка во Србија и планирал да остане таму. Покрај него, на поменот присуствувал и кумот на Аркан, Борислав Пелевиќ. Ќерката на Цеца, Анастасија, како и родителите на пејачката, кои секоја година оделе на гробот од зетот, поради болест биле спречени да дојдат.

Убиецот на Жељко Ражнатовиќ Аркан, Добросав Гавриќ (38), кој во Србија е осуден на 35 години затвор, уапсен е пред три години во Јужна Африка, но се уште не е екстрадиран во Србија. Тој на 15 јануари 2000 година ги испукал фаталните куршуми и на Миленко Мандиќ и Драган Гариќ, пријатели на Аркан. На по 30 години затворска казна се осудени и помошниците на Гавриќ: Драган Николиќ Гаги, кој ја служи казната и Милан Ѓуриќиќ, кој и понатаму е во бегство.

фото/видео: kurir.rs