Инцидент на „Скопје круг 2017“: Двајца повредени, кружната трка прекината (ВИДЕО)

Фото: Орце Поповски

Кружната трка „Скопје 2017“ којашто се одржува повторни по седум години и во неделата привлече голем број гледачи, е прекината поради инцидент во кој има  повредени, објави порталот 24ауто.мк

Во последната дивизија на самата стартно-целна рамнина Урош Бркиќ загубил контрола, излетал од патеката и удрил во бандера и во рекламно пано, повредувајќи едно официјално лице.

Според уште непотврдените информации, во текот на седмиот круг Бркиќ имал проблеми со својата „хонда цивик’ по што удрил во заштитната ограда и притоа го повредил и Александар Димушевски, кој е еден од организаторите на настанот.

Двајцата се префрлени во Ургентиниот центар, а едниот е посериозно повреден. Во моментов трката е прекината и неизвесно е дали ќе продлжи.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.