Инцидент пред седиштето на ЕЦБ во Франкфурт

Пред седиштето на Европската централна банка во Франкфурт изутринава дојде до инцидент. Демонстрантите од движењето „Блокјупај“ се судрија со полицијата при што бил употребен и солзавец, јавува Раша тудеј.

Germany Protests ECB

Левичарските активисти од меѓународното движење претходно најавија дека нивна цел е во согласност со противењето кон владините мерки за штедење, денеска да го блокираат новото седиште на ЕЦБ, пред отворањето на зградата.

Germany Protests ECB

Портпаролката на германската полиција изјавила дека во инцидентот е повреден најмалку еден полицаец откако демонстрантите фрлале камења на службите за обезбедување.

Germany Protests ECB

Се очекува дека на главниот плоштад Ремерберг во Франкфурт да се соберат 10.000 демонстранти, затоа што организаторите изнајмиле посебен воз за пренесување на активистите од Берлин, како и автобуси за превоз од другите делови на Германија и другите европски земји.