Инцидент во грчки води: Брод со 700 мигранти бара помош поради вооружени лица

Карго брод под молдавско знаме кој што превезува 700 илегални мигранти пратил сигнал за помош во близина на Корфу. Неофицијално, сигналот е пратен поради тоа што на бродот се наоѓаат вооружени лица, јавува дописникот на Нетпрес од Атина.
Кон местото на кое што се наоѓа бродот веќе се тргнати брод и хеликоптер на грчката морнарица. Поради екстремно лошите временски услови, властите од Корфу засега не се во можност да се вклучат во акцијата.
Овој инцидент се случува во непосредна близина на местото каде што пред само два дена избувна пожар на грчкиот ферибот Норт Атлантик на кој што се превезуваа 400 лица. И оваа спасувачка акција сеуште е во тек.
Според последните информации, во оваа трагедија животот го загубија десет лица, а 40 се исчезнати.
Фото: foxnews.com