Инцидент во салата “Градски Парк”, еден повреден

Според “Спортмедиа”, членовите на “Фемили” упаднале во моментот кога навивачите на Работнички ја подготвувале кореографијата за дербито со МЗТ Скопје кое се игра вечерва, при што успеале да одземат и еден транспарент, а со кој подоцна се пофалиле на Фејсбук.

Овие информации се уште не се потврдени од страна на МВР, а порталот „Спортмедиа“ пишува дека имало и еден повреден.

Дербито помеѓу Работнички и МЗТ Скопје се игра вечерва со почеток во 18:30 часот.