Инцидент во скопскиот забавен парк, девојче заврши во болница!

Среде бел ден, во скопскиот забавен парк било физички нападнато малолетно девојче на 15 години, објави 24 Вести.

Родителите тврдат дека инцидентот е предизвикан од возрасна жена која барала од девојчето да отстапи место на еден од реквизитите во забавниот парк.

Девојката со повреди завршила во една од скопските болници, а случајот бил пријавен во полиција.