Инцидент во УЈП во Штип, револтиран штипјанец нападна даночници

Даночни службеници од Регионалната дирекција Штип денеска при извршување на службените должности биле вербално нападнати од даночен обврзник, соопштуваат од УЈП.

Обврзникот кој заради неплатена радиодифузна такса согласно Законските процедури добил решение за присилна наплата, ги нападнал вработените и употребил сила при што скршил врата од канцеларија во Регионалната дирекција Штип. Случајот е пријавен во СВР Штип.

Во врска со Радиодифузна такса ова не е прв инцидент, во 2013-та година беше нападната даночна службеничка во Даночно одделение Куманово.

Иако ваквите инциденти се исклучоци, Управата за јавни приходи изразува згрозеност од бруталноста и навредите кои се употребуваат кон даночниците, а посебно кога се доведува во прашање безбедноста и здравјето на вработените при вршење на професионални должности.