„Индекс онлајн“: Имери и Харадинај заедно го посетија Села

Лидерот на косовското движење „Самоопределување“, Висар Имери и претседателот на Алијансата за иднина на Косово, Рамуш Харадинај, заедно го посетија пратеникот на Алијансата на Албанците и лидер на ДР-ДПА, Зијадин Села, објавува „Индекс онлајн“.

На фотографија објавена на социјалните мрежи, може да се види дека Имери и Харадинај заедно го посетиле Села, кој беше повреден за време на насилствата во македонското Собрание на 27-ми април.

-Не се знае дали Имери и Харадинај биле договорени за посетата, или пак таму се сретнале случајно, пишува „Индекс оналјн“.

Дел од оваа средба беше и Шпетим Идризи, претседател на албанската партија ПДИУ, чиј член е пратеничката Месила Дода.