Индиец се оженил за да ја прикрие хомосексуалноста, па ја задавил сопругата

Индиец стапил во договорен брак за да ги задоволи своите родители, а шест месеци по свадбата со црево за правосмукалка ја задавил својата сопруга.

Триесетгодишен Индиец, вработен во банка, за да сокрие својата хомосексуалност се оженил, но ја  убил својата сопруга, а потоа сакал да го уништи нејзиното тело во градината. Тој на машина ги исцепкал нејзиното тело, а потоа сакал да го запали. На соседите им кажал  дека ќе запали стар отпад.

Јашвир Рам Гиндај ја задавил Варкха Рани откако на голема церемонија во Индија  пред неколку месеци стапиле во брак, договорен од страна на неговите родители. Во судот во Британија каде му се суди на Јашвир, негов пријател сведочел дека тој пред некое време му се доверил дека го привлекуваат мажи.

Откако се вратиле по свадбата, 24-годишната Рани била осамена и изолирана во Британија, а тој можел да биде слободно со други мажи.