Индиец тешко повреден по сообраќајка во Скопје

Архифска илустрација
Тешка сообраќајка кај Католичка

Тешка сообраќајна несреќа во која учествувале две возила се случила вчера претпладне на булеварот „8-ми Септември“ во Скопје.

Во несреќата учествувале автомобил „рено лагуна“ со скопски таблички управувано од 58-годишниот С.С. од скопското село Арнакија и „БМВ“ со скопски регистерски ознаки управувано од 49-годишниот Р.Н. од Индија, а со времен престој во с.Бардовци-скопско. При незгодата Индиецот се здобил со тешка телесна повреда, фрактура на шести цервикален пршлен, констатирани во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, каде што е задржан на лекување.

Извршен е увид од страна на увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.