Свет

Индија: 10 мртви, 35 повредени кога автобус падна од мост

Индија: 10 мртви, 35 повредени кога автобус падна од мост

Најмалку десет лица загинаа, а 35 се здoбиле со повреди кога туристички автобус падна од мост на автопат во западната индиска држава Гујарат.

За да биде трагедијата уште поголема, во моментот на несреќата, од камион кој поминувал на мостот, се откачила приколка и паднала врз превртениот автобус. Приколката оштетила неколку автомобиле кои биле паркирани крај патот за да им помогнат на настраданите.

Несреќата се случила доцна синоќа, кога возачот изгубил контрола над автобусот на остра кривина меѓу градовите Пун и Сатар.