Индија доби министер за јога

Индискиот премиер, Нарендра Моди именува нов министер за одбрана, но и министер за јога во рамките на големата реконструкција на владата со цел забрзување на темпото на реформите.

Моди, голем слдбеник на јога, чие практикување сака да го промовира, именува министер за традиционална медицина како што се јогата, ајурведа и хомеопатија.

Индискиот премиер во септември од ОН побара да се воведе светски ден на јогата. Во текот на посетата на САД, Моди за таа традиционална индиска вештина разговараше со претседателот Барак Обама.

Традиционалната медицина и порано беше вклучена во ресорот на Министерството за здравство во Индија, но сега ќе има свое одвоено министерство, кое ќе го предводи поранешниот минстер за туризам, Шрипад Јесо Наик.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.