Индија ги намалува тензиите со Кина, ја повлекува војската од границата

Индија во понеделникот објави повлекување на единиците од стратешката планинска висорамнина сместена во областа на Бутан, коешто беше сцена на судир со кинеската војска кон средината на јуни.

Граничниот спор меѓу двете најнаселени земји на планетата избувна во јуни годинава кога Индија во оваа стратешка област, на којашто право полагаат и Кина и Бутан, испрати војска за да ги спречи кинеските војници во градењето планински пат. Напнатоста се зголеми кога Индија, која е сојузничка на Бутан, ги распореди своите вооружени сили, на што Кина возврати со зголемување на своите војници во истата област која ја смета за своја и бара повлекување на индиските единици.

По дипломатските преговори меѓу Њу Делхи и Пекинг „брзото повлекување“ на единици од Доклам „договорено е и моментално е во тек“, соопшти индиското министерство за надворешни работи. „Во текот на овие дебати, можевме да ги изразиме нашите ставови и да ја пренесеме загриженоста и нашите интереси“, се наведува во соопштението.

Сместен на западната падина на Бутан, а источно од индиската држава Сикким, хималајската висорамнина Доклам, во Кина викана Дингланг, ја гарантира поврзаноста на индиската, кинеска и бутанската територија.

Трите народа од половината на јуни во судирите околу градењето на пат кој кинеската војска ја презема на таа височина. Кина тврди дека градењето се одвива на нејзината територија, што го оспоруваат Индија и Бутан.

Индија, којашто дејствува како покровител на малото хималајско кралство на меѓународната сцена, испрати војници да направат човечки штит на градилиштето кое според неа е започната на територијата на Бутан.

Меѓутоа, за Кина распоредените индиски војници се наоѓаат на нејзина територија и таа остро повика на нивно повлекување. Пекинг во понеделникот изрази „задоволство“ од тоа што Индија се согласила да ги повлече своите единици од пограничната зона со Бутан, со што е ставен крај на двомесечниот судир меѓу кинеската и индиската војска.

Портпаролката на кинеското министерство за надворешни работи Хуа Чунјинг потврди дека индиските војници се повлекле од споменатата зона на Хималаи, како и дека „кинеските единици продолжуваат со патролирањето од кинеската страна на границата“.