Индија: Ја силувале 12 мажи затоа што го изневерила мажот

Една жена на истокот на Индија, по наредба на селскиот совет ја силуваа 12 мажи како казна затоа што наводно имала вонбрачна врска, соопшти денеска локалната полиција. Советот во селото во индиската сојузна држава Западен Бенгал наложи казната да биде извршена откако 20-годишната жена е фатена со маж од друга заедница, пренесува агенцијата АФП.

Казната силување била извршена поради тоа што родителите на девојката немале да платат 400 долари.

„Претседател на селскиот совет свикал итен состанок и девојката и нејзиниот љубовник биле заврзани на две дрва, така што им е одредена казна од 400 долари. Родителите на девојката немаа да платат, па е наредено девојката да ја силуваат, додека мажот беше ослободен бидјеќи се согласи да ја плати казната во рок од една недела,“ изјави полицискиот начелник.

И покрај строгите закони и напори на властите, во патријархалното индиско општество да се променат ставовите спрема жената, бројот на пријавени за сексуално злосторство во таа земја расте.