Индија: Најмалку 14 ученици настрадале во сударот со воз и автобус

Најмалку 14 ученици настрадале во тешка сообраќајна незгода која се случилакога на училипниот автобус налетал патнички воз во индиската држава Теленгана, соопштила денеска полицијата, пренесоа медиумите.

Меѓу загинатите е и возач на автобусот, додека во возот никој од патниците не е повреден, пренесува Би-Би-Си.

Патничкиот воз налетал на авотбус на преминот на пругата после што се влечел по шините неколку метри, пренеле локалните медиуми.

Во авотбусот, како што пренесуваат медиумите, имало 32 ученици. На огромната железничка мрежа во Индија, со околу 9.000 возови кои секојдневно превезуваат околу 23 милиони патници, несреќи често се случувале изминатитеи години, а билансот на случаи се мери во стотини изгубени животи.

Минатиот месец загинале четири лица, а најмалку 10 се повредени кога дошло до слизнување на патничкиот воз од шините во државата Бихар.