Индија: Најмалку шест лица загинаа откако воз излета од шини

Индиската полиција соопшти дека најмалку шест лица загинале изутринава откако воз излетал од шини во селото Бачраван, во северната индиска сојузна држава Утар Прадеш.

Десетина патници се повредени, но полицијата стравува дека има повеќе дестина загинати.

Локалното население, полицијата и работници прават напори за спасување на патниците заробени во три целосно уништени вагони, што утринава излетаа во близина на селото Бачраван.

Засега се извлечени шест тела на загинати патници. Причините за несреќата засега не се познати.

Железничките несреќи во Индија се чести. Индиската железница е една од најголемите во светот и со неа секојдневно се превезуваат над 23 милиони патници.