Индија: Осуммина загинати во тешка сообраќајна незгода

Најмалку осум  лица загинаа, а 14 се повредени во пожар кој избил утринава во луксузен автобус по судир со цистерна во индиската држава Махараштра.

Според локалната полиција трагедијата се случила во селото Куде, во областа Манор, каде автобусот се судрил со цистерна која доаѓала од спротивниот правец.  Несреќата се случила синоќа, околу два часот по полноќ.

По силниот удар во автобусот избил пожар во кој на лице место загинале осум од патниците. Уште 14 лица се повредени и се пренесени во болница.  Од полиција велат дека не можат да ги идентификуваат жртвите бидејќи нивните тела се изгорени.

Минатиот мај на истото место се случила слична несреќа во која животот го загубиле 14 лица, а 40 биле повредени.