Индијан Велс: Ѓоковиќ поуспешен од Рамос, следен на листата е Иснер

Светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ избори пласман во 4-то коло на Мастерсот во Индијан Велс, откако славеше против Шпанецот Алберт Рамос со 2:0 (7:5, 6:3).

Иако малку потешко од очекувањата, тој се справи со Рамос и во следната рунда ќе игра против Американецот Џон Иснер, кој беше поуспешен од Кевин Андерсон со 2:0 (7:6, 6:2).

Пласман во следната рунда обезбедија и Фелицијано Лопез, Бернард Томиќ, Енди Мареј, Кеи Нишикори..

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.