Спорт

Индијана го совлада Кливленд и покрај заостанувањето од 22 поени

Индијана го совлада Кливленд и покрај заостанувањето од 22 поени

Кошаркарите на Индијана Пејсер ноќта кон саботата им нанесоа уште еден пораз на Кливленд Кавалирс, совладувајќи ги со 97:95 и тоа откако надоместија заостанување од дури 22 кошови.

Ленс Стефенсон постигна 16 поени со 11 скокови, Даден Колинс даде 22 кошеви, а Виктор Одалипо додаде 19 поени за Индијана којашто во првото полувреме имаше заостанување од 22 кошови. Ова е трета победа на Пејсер над Кавалирс од почетокот на сезонава.

Леброн Џејмс беше најефикасен кај Кливленд со 27 погодоци, 11 асистенции и 8 скокови, додека Кевин Лав додаде 21 кош и 10 скокови. Меѓутоа, Џејмс имаше две шанси во последните секунди за победа, но не погоди и во двата обида, откако Виктор Оладипо ја доведе Индијана во водство на малку повеќе од две минути пред крајот.

Вашингтон Визардс по двата пораза постигнаа победа, со 125:119 ги совладаа Орландо Меџикс. Визард до победата ги предводеа Бредли Бил и Џон Вол, и двајцата постигнаа по 30 кошови. За Орландо ова беше седмиот последователен пораз, а најдобар во неговите редови беа Илфрид Пејтон со 27 кошеви, додека Џонатан Сајмонс додаде 23 поени.

Хјустон Рокетст со 112:95 ги совладаа Феникс Санс. Иако Рокетс го играа петтиот натпревар по ред без Џемјс Харден, тоа не се почувствува. Крис Пол успешно го замени постигнувајќи 37 поени, а Ерик Гордон додаде 30 кошови. Кај Феникс најдобар беше Девон Букер со 26 погодоци.

Во другите натпревари изминатата ноќ Јута Џез беше совладана со 88:99 од Шарлот Хорнетс, Бруклин Нетс беа подобри 110:105 од Атланта Хоукс, а со 108:94 Голден Стејт Вориорс ги совладаа Мливоки Бакс,Њујорк Никс пак загубија со 108:118 од Минесота Тимберволфс, а Портланд Трејл Блејзерс од Њу Орлеанс Пеликанс со 113:119 а Мемфис Гризлис од Денвер Нагетс со 78:87.