Спорт

Преглед на средбите во НБА лигата Индијана му врати на Милвоки за минатонеделниот пораз

Индијана му врати на Милвоки за минатонеделниот пораз
INDIANAPOLIS, IN - JANUARY 8: on January 8, 2018 at Bankers Life Fieldhouse in Indianapolis, Indiana. NOTE TO USER: User expressly acknowledges and agrees that, by downloading and or using this Photograph, user is consenting to the terms and conditions of the Getty Images License Agreement. Mandatory Copyright Notice: Copyright 2018 NBAE (Photo by Ron Hoskins/NBAE via Getty Images)

Кошаркарите на Индијана Пејсер во средбите од редовната сезона во НБА лигата ноќта кон вторникот пред своите гледачи ги совладаа Милвоки Бакс со 109:96, со што се реваншираа за убедливиот пораз од 101.121 од пред пет дена во Милвоки.ж

Големата разлика во однос на минатонеделниот дуел на овие две екипи, кога Индијана го забележа петтиот последователн пораз, претставуваше враќањето на паркетот на нејзиниот најдобар играч Виктор Одалипо.

Индијана мечот го реши уште во првата четвртина, кога со серија од 20:0 дојде до предност од 21 поен (37:16). Пејсер предноста ја зголемија на 29 кошови и ги држеа Бакс на дистанца од 20 поени разлика до завршницата на дуелот, кога гостите успеаја да намалат на 9 разлка (96:105) на минута пред крајот, но повеќе од тоа не можеа да сторат.

Индијана имаше дури седум кошаркари со двоцифрен учинок, а ди кредвоее Домантас Сабони со 17 поени и 10 скокови. По 15 кошови постигнаа Виктор Одлаио, Мајлс Тарнер и Тадеуш Јанг.

Минесота Тимберволфс пред своите навивчи забележа висока победа над актуелните шампиони Кливленд Кавалирс, но резултатот 127:99 воопшто не отсликува колкава на теренот беше надмоќта на домашните Имено, Минесота во 33 минута имаше предност од неверојатни 45 поени (96:55).

Најголма фрустрација од ваквиот однос на паркетот покажа ветеранот Ајзеа Томас кој поради намерно удирање на противнички игра беше исклучен кон средината на третата четвртина, а до тогаш уфрли само 9 кошови со лош шут 3 од 11 од поле.

Минесота до убедливата победа ја предводеа Ендрју Вигинс со 25 кошови Џими Батлер со 21 кош, 9 асистении и 8 скокови,, и Карл-Ентони Тоусн со 19 поени и 12 скокови.

Кај Кливленд најдобри беа Џеф Грин со 22 и Кајл Корвер со 19 кошови, додека Леброн Џејмс за 26 минути на теренот постигна 10 поени со 8 скокови и 5 асистенции.

Торонто Репторс дури во продолженијата дојдота до победата од 114:113 во Бруклин против Нетс. Најзаслужен повторно беше Демар Дерозан со 35 кошови, а на 26 секунди пред крајот постигна кош и го погоди дополнителното слободно фрлање за конечниот резултат.

Хјустон без Џејмс Харден дојде до победа во Чикаго со 116:107. За Рокитс по 24 кошови постигнаа Ерик Горон и Крис Пол кој имаше и 9 скокови и 8 асистенции, а Клинт капел постигна 15 поени со 16 скокови. Кај Булс, за кои поради повреда не настапи еден од нивните најстандардни играчи Никола Миротиќ, најдобар беше Боби Портис со 22 поени.

 

Резултати

Индијана – Милвоки 109-96

Минесота – Кливленд 127-99

Њу Орлеанс – Детроит 112-109

Чикаго – Хјустон 107-116

Бруклин – Торонто 113-114 (продолжение)

Сакраменто – Сан Антонио 100-107

Голден Стејт – Денвер 124-114

Лос Анџелес Клиперс – Атланта 108-107

 

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Атлантска дивизија
1. Бостон 33 10
2. Торонто 28 10
3. Филаделфија 19 19
4. Њујорк 19 21
5. Бруклин 15 25

Централна дивизија
1. Кливленд 26 14
2. Милвоки 21 18
3. Детроит 21 18
4. Индијана 21 19
5. Чикаго 14 27

Југозападна дивизија
1. Вашингтон 23 17
2. Мајами 22 17
3. Шарлот 15 23
4. Орландо 12 28
5. Атланта 10 30

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Северозападна дивизија
1. Минесота 26 16
2. Оклахома Сити 22 18
4. Портланд 21 18
3. Денвер 21 19
5. Јута 16 24

Пациичка дивизија
1. Голден Стејт 33 8
2. ЛА Клиперс 18 21
3. Феникс 16 26
4. Сакраменто 13 26
5. ЛА Лејкерс 12 27

Југозападна дивизија
1. Хјустон 28 11
2. Сан Антонио 28 14
3. Њу Орлеанс 20 19
4. Далас 13 28
5. Мемфис 12 27