Индијана обезбеди настап во плејофот на НБА

Со синоќешната победа од 113:107 над Мајами Хитс по продолжението, кошаркарите на Индијана Пејсерс самите ги решија дилемите и се пласираа во доигрувањето во најсилната кошаркарска лига на светот.

Виктор Одалипо беше најдобар стрелец кај Индијана со 23 кошеви, вклучително и клучната „тројка“ во продолжението. Тадеуш Јанг додаде 22 поени и 9 скокови. Дарен Колисон постигна 8 од вкупно 12 поени во продолжението. Најдобар кај Хитс, пак, беше Тајлер Џонсон со 19 поени, додека Џејмс Џонсон додаде 15 кошеви.

Одалипо погоди две слободни фрлања минута пред крајот за израмнување на 95:95. По него Мајлс Тарнер реализираше едно слободно фрлање за 96:95. На осум секунди пред крајот од регуларниот дел на дуелот над Џејмс Џонсон беше направен прекршок а и тој погоди само едно слободно фрлање, а Одалипо промаши „тројка“ со звукот на сирената за крај на мечот.

Подоцна во продолжението при водство од 103:100 за Индијана, Одалипо погоди „тројка“ за 106:100 на минута и 20 секунди до крајот на продолжението. Во следниот напад Мајами возвратија, но Колинс реализираше уште една „тројка“ за Пејсерс за водство од 109:102.

Благодарејќи на овој резултат настап во завршницата од НБА лигата е осигурен и за Филаделфија 76ерс.

Кливленд Кавалирс со 121:114 ги совладаа Бруклин Нетс на нивен терен а Леброн Џејмс запиша 37 кошеви, 10 скокови и 8 асистенции. Кевин Лав додаде 20 поени и 15 скокови за Кавалирс, Џордан Кларксон 18 а Џорџ Хил 17 поени. Најефикасен кај Нетс, пак, беше Џо Харис кој дуелот го заврши со 30 кошеви.

Голден Стејт Вориорс доживеаја уште еден пораз, петти во последните осум натпревари, во мечот во кој настапија без повредените Стеф Кари, Кевин Дурент и Клеј Томпсон. Беа победени со 91:110 од Јута Џез кои ги предводеше Донован Мичел со 21 кош, додека Руди Гоберт запиша 17 кошеви и 15 скокови. Најдобар кај Вориорс беше Квин Кук со 17 кошеви и 8 асистенции.

На Вориорс, коишто сега имаат сооднос меѓу победи и порази 54-19, сега им недостига уште една победа за да го обезбедат второто место во Западната конференција за доигрувањето коешто започнува за три седмици. Истовремено Јута Џез, која има соодност 42-32 се изаедначи со Минесота Тимберволфс (42-32) на седмото место на Западот.