Индијана поведе со 1:0 против Мајами

Тимот на Индијана поведе со 1:0 во победи во финалето од Источната конференција , откако на домашен терен славеше над бранителот на титулата Мајами со 107:96. Пејсерси уште во првата четвртина постигнаа 30 поени и го најавија своето беспрекорно издание, кое продолжи и во преостанатиот дел од овој меч.

Најпрецизни во победничкиот состав беа Пол Џорџ со 24 поени, Хиберт и Вест постигнаа по 19 поени, додека кај Мајами Двејн Вејд постигна 27 поени, Леброн Џејмс беше стрелец на 25, но затоа целосно потфрли Крис Бош, кој ја заврши оваа средба со девет поени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.