Индијанците со стрели против полицијата во Бразил

Бразилската полиција употреби солзавец против петстотитни домородци – Индијанци кои ги нападнале со стрели.

Индијанците од Амазон носеле традиционална носија, а некои од нив употребувале стрела. Еден полицаец е погоден со стрела, по што бил однесен на операција за истата да биде извадена.

Некои од припадниците на домородните племиња фрлале со камења врз полицајците кои го чувале фудбалскиот стадион во Рио де Жанеиро.

„На кој му служи Светското првенство. Нас не“, извикувале демонстрантите. „Јас не сакам куп, јас сакам пари за здравство и образование“, говореле тие.

Порај тоа Индијанцте протестираа поради загрозувањето на нивните права во земјата на нивните предци во корист на земјосопствениците кои се белци.

Домородците сочинуваат околу 0,3 отсто од околу 200 милиони жители на Бразил и живеат на околу 12 отсто од територијата, највеќе околу реката Амазон.

Тие често се во спор со богатите земјосопственици. Велат дека планираат одржување на протести во многу бразилски градови и во странство.

Бразил се соочи со серија протести против одржувањето на Светското првенство и буџетот од 11 милијарди долари кој е потрошен за истото, наведувајќи дека тие пари требало да бидат наменети за помош на сиромашните.

Првенството треба да биде одржано во 12 бразилски градови во периодот од 12-ти јуни до 13-ти јули.