Индијка на 72 години стана мајка

Индијка на 72 години стана мајка
Индијка на 72 години стана мајка

Индијка која се породи на 72-годишна возраст вели денеска дека не е премногу стара да стане мајка и дека „нејзиниот живот дури сега е целосен“.

Далиндер Каур која неколку децении била изложена на потсмев од другите луѓе поради тоа што не можела да добие дете, родила машко дете по две години лекување на клиника за плодност во северната индиска држава Харајана. Татко на детето е нејзиниот 79-годишен сопруг со кој се во брак 46 години.
Каур верува дека Бог ги слушнал нивните молитви. Таа додава дека сега е полна со енергија и оти нејзиниот сопруг многу и помага околу бебето кое кога се родило имало тежина од 2,5 килограми.

Индијката на лекарите им рекла дека има „околу 70 години“, што е вообичаено за Индијците, бидејќи повеќето од нив немаат извод оф книгата на родените. Во клиниката било утврдено дека жената има 72 години.
Лекарите од клиниката во која Далиндер се лекувала влат дека фетусот бил зачнат со вонтелесно оплодување, со спојување на јајце клетките и сперматозоидите на оваа двојка, без учество на млади донатори.
Бебето на кое му го дале името Арман, е здраво и силно и било задржано на клиниката само поради малата тежина – имало само 2 килограми по раѓањето.
Првиот човек на клиниката изјавил дека на почетокот бил скептичен околу вештачкоот оплодување, но тестовите покажале дека жената е во состојба да ја износи бременоста.
Ова не е прв ваков случај во Индија. Жена од Утар Прадеш во 2008 година роди близнаци на 72-годишна возраст.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.