Индијки ослепеле по бесплатна операција на катаракта

По бесплатните операции на катаракте во мобилна амбуланта во северниот дел на Индија, 15 луѓе ослепеа, објавија денеска индиските медиуми.

Индиските власти покрена кривична истрага против невладините организации и лекари кои ги извршија операциите за отстранување на катарактата, првенствено над постари жени, без претходно да ги консултираат надлежните здравствени органи.

Властите се обидуваат да пронајдат уште 45 пациенти кои се оперирани во мобилната амбуланта во индиската сојузна држава Пенџаб за да ја проверат нивната здравствена состојба по интервенцијата. Слепилоте најверојатно се појавило поради користење на нестерилизирани инструменти, бидејќи само тоа може да предизвика инфекција на окото, изјави претставник на здравствените власти во градот Амрисар, Раџив Бала.

Тој додаде дека не постои шанса да им се врати видот на ослепените луѓе.