Индиската полиција во желудник на жена откри 106 капсули кокаин

Индиската полиција извадила 106 капсули со кокаин од желудник на жена којашто се обидела дрогата да ја прошверцува во земјата, што претставува рекорден број капсули со кокаин кој ги проголтал шверцер откриени од индиската полиција, пренесува во понеделникот BBC.

Дваесет и петгодишната странска државјанка била упасена на аеродромот во индиската престолнина Њу Делхи на 14-ти мај откако полицијата добила дојава. Според полицијата, таа и претходно на ист начин пренесувала кокаин патувајќи како турист во Индија, а за возврат ѝ биле ветени 5.000 долари

Целиот изминат викенд го минала во болница и пиела лаксативи за кокаинот да излезе од телото. Вкупната тежина на дрогата изнесувала 903 грама, а вредноста е проценета на 734.160 американски долари.

Во полицијата веруваат дека капсулите ги проголтала во Сао Паоло во Бразил и дека во Њу Делхи требало да му ги предаде на еден Нигериец. Велат и дека станува збор за висококвалитетен кокаин од Колумбија, многу подобар од евтиниот „крек“ кој вообичаено се открива во вакви случаи.