Индиски банкар избран за претприемач на годината

Основачот и директор на „Котак Махидра банка“ од Индија Удај Котак e прогласен е за светски претприемач на годината во Монте Карло овој викенд. Во трката за титула бил во 51 финалистите, секој од нив победник во својата земја.

Банкарот од Индија Удај Котак влегол во бизнисот пред триесетина години со малку позајмен капитал, а денес неговата банка е меѓу најголемите во Индија. Приходите се мерат во милијарди долари а спаѓа во групата на најистакнати работодавачи во својата земја.

„Ја прифаќам оваа чест и ова награда, со почитување, во има не 1,2 милијарди индијци“ рекол Котак.

Претприемач на годината во Монте Карло се бира веќе 27 години и тоа е едно од најпрестижните светски признанија. Жирито има неколку клучни и јасни критериуми на основа на кои треба се утврдува кој во изминатата година бил најдобар.

Претседателката на жирито Ребека Мек Доналд, која го прогласила победникот е менаџер на фирма која снабдува со гас повеќе од 4 милиони потрошувачи и важи за една од најмоќните жени во Америка и светот.

„Не можам да кажам дека сум најмоќна но јас со текот на години станав доста влијателна, и сите во светот на бизнисот знаат дека сум многу објективна и рационална“, рекла Ребека Мек Доналд.

Минатогодишниот победник, кој се бави со дизајн и производство на осветлување, оваа годинае повикан како гостин да зборува на еден од стручните панели. Овој настан е место кадешто се промовираат и можностите за соработка. Во ревизорско консултантската компанија „Ернест и Јанг“ веруваат дека претприемачите се клучниот фактор за економски развој на земјите.

Голем број од најпознатите личности од светот на бизнисот гостуваа во Монте Карло во текот на четири дена на настанот „Избор на претприемач на годината“. Меѓу нив бил и поранешниот менаџер на „Манчестер јунајтед“ Алекс Фергусон кој објаснил дека најголемиот талент е напорната работа. ТВ водителката Мартин Стјуарт зборувала за тоа дека нема успех без спремност на ризик, додека Нобеловецот Мухамед Јунус ги уверувал присутните дека секој од нас во суштина е претприемач.