Индиски компании заинтересирани за инвестирање во Охрид

Претставници на инвестициски фондови и компании од Индија се заинтересирани за инвестирање во Охрид, особено во областа на туризмот, здравството, градежниот сектор и незагадувачката индустрија.

Ова го соопштија денеска на средба со заменик-градоначалникот Ангел Јанев и раководителот на Секторот за туризам и локален економски развој Ѓоко Апостолов.

Индиските бизнисмени ги поздравиле поволните услови за инвестирање, близината на аеродромот, пристаништата во Солун и Драч, како и најавите за подобрување на патната инфраструктура, откако претходно имале можност да ја видат презентацијата за можностите што ги нуди Охрид.