Македонија

Индискиот Пенџаб Колеџ доделува 4 стипендии

Индискиот Пенџаб Колеџ доделува 4 стипендии

Пенџаб Колеџот за технички науки од Индија доделува четири стипендии за додипломски и постдипломски студии, информира Министерството за образование и наука.

Стипендиите ги доделува групата на институти од Пенџаб Колеџот за следните програми за додипломски студии: редовни студии за авијатика, туризам и угостителство; студии за бизнис администрација; студии за компјутерски апликации; студии за трговија; студии за биотехнологија, редовни студии за туризам и угостителство; студии за фармација, како и за следните програми за постдипломски студии: информациска технологија; компјутерски апликации; менаџмент; бизнис администрација; или суперспецијализација по меѓународен бизнис.

Стипендиите покриваат 100 отсто од трошоците за школарина, а за престој и храна, за еден студент ќе бидат целосно покриени трошоците, за еден 75 отсто од трошоците, а додека пак, за останатите двајца стипендисти ќе бидат покриени само 50 отсто од трошоците.

Од МОН известуваат дека заинтересираните студенти можат да аплицираат до први јуни.