Индиските компании покажаа интерес за можностите за инвестирање во Македонија

Во рамки на вечерашното гостување во емисијата Јади бурек премиерот Никола Груевски се осврна на неодамнешните презентации на можностите за инвестиции во Македонија во Индија.

Тој посочи дека голем број од индиските компании кои присуствувале во Ахменабад, во Ченаи, Џајпур пројавиле интерес да инвестираат во Македонија.

-Ние не сме земја што може само да понуди евтина работна сила, туку и земја што може да понуди добро образована и тренирана работна сила. Таа комбинација ги прави многу задоволни , плус ниските трошоци за правење бизнис, ниските даноци, слободните економски зони, добрата бизнис клима потврдена и од Светската банка и од сите други меѓународни финансиски институции, стабилноста на макроекономијата, растот на економијата, срто тоа како еден пакет ним им говори многу, рече премиерот Груевски.

Тој посочи дека Индија во моментов е земја која се отвора кон светот и чија влада силно е насочена кон развојот на економијата, поради што голем број од нивните претставници на бизнис елитата ја споредувале македонската влада со индиската, во однос на силната посветеност кон економијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.