Индонезија ја започна потрагата по малезискиот авион

Индонезија официјално ја предводи операцијата на потрага по исчезнатиот авион на малезиската авиокомпанија „Ер Ејша“ (AirAsia), што летал од индонезискиот град Сурабаја за Сингапур, соопшти министерот за транспор на Малезија Лиу Тонг Лај, цитиран од ТАСС.

„Авионот бил во воздушниот простор на Индонезија“, дополни малезискиот министер.

Претходно премиерот на Малезија, Мохамад Наџиб бин Тун Хаџи
Абдул Разак, соопшти дека „ земјата ќе даде помош во операцијата“.

Истовремено, потврдувајќи го исчезнувањето на авионот, тој кажа дека „детално ќе информираат за инцидентот“.

Сингапурските власти, исто така, и понудиле помош на Индонезија во барањето на исчезнатиот авион.

-Не располагаме со информација за тоа што се случило, но предложивме помош, изјави сингапурскиот премиер Ли Сан Лун.

Врската со авионот „Ербас А320-200“ на малезиската компанија „Ер Ејша“ исчезнала во регионот на островот Борнео, над Јаванско Море, на 42 минути по полетувањето од индонезискиот град Сурабаја.

Во авионот иамло 155 патници, меѓу кои имало и 17 деца, и седумчлен екипаж, дополни ТАСС.

Пред да се изгуби врската со исчезнатиот авион екипажот не јавил за никакви сериозни проблеми или некакви знаци за хаварија, соопшти претставник на индонезиското Министерство за транспорт.

-Од моментот на исчезнување на авионот од радарите веќе изминаа над шест часа и со сигурност може да се каже тој не се наоѓа во воздух, дополни истиот извор.