Свет

Индонезија спаси над 370 имигранти кои неколку месеци минаа во чамци

Индонезија спаси над 370 имигранти кои неколку месеци минаа во чамци

Повеќе од 370 имигранти, кои неколку месеци минале во чамци во близина на бреговите на Индонезија, беа спасени од индонезиските гранични патроли и префрлени на копно.

Само во еден од чамците имало 102 лица, од кои 26 жени и 31 дете. Останатите 272 имигранта пристигнале со осум рибарски чамци.

Сите имигранти имаат проблем со дехидрираност, глад и физичка изнемоштеност, соопштија властите на индонезиската провинција Ачех.

Тие се Рохинги, малцинство протерано од Мјанмар, и државјани на Бангладеш. Имигрантите бегајќи од сиромаштијата во својата татковина се обидуваат со чамци да стигнат до бреговите на Малезија, Индонезија и Тајлнад, каде животот им се чини подобар.