Индонезија: Три жени безмилосно се камшкувани поради секс пред брак

Индонезија: Три жени безмилосно се камшкувани поради секс пред брак
Индонезија: Три жени безмилосно се камшкувани поради секс пред брак

Три жени се уапсени поради „сексуални прекршоци“ односно дека имале секс пред брак, а 14 мажи  за коцкање и јавно се камшикувани пред џамија во индонезиската провинција Ацех, која е единствена во таа земја која има право да го спроведува исламскиот шеријатски закон.

Хомосексуални односи, коцкање и уживање во алкохол досега веќе биле казнувани со камшкување во оваа провинција. Последните години низа нови исламски закони се воведени во Ацех. Со тој потег го навлекоа и бесот на групите за заштита на човековите права.

Годинава, Ацех им забрани на женте и пристап до објекти кои нудат забавни содржини по 23 часот, освен ако не се во придружба на сопругот или машки член од семејството. Ацех, исто така им забрани на невенчаните мажи и жени заедно да се возат на мотори.

(FOTO: CHAIDEER MAHYUDDIN / AFP)
(FOTO: CHAIDEER MAHYUDDIN / AFP)

(FOTO: CHAIDEER MAHYUDDIN / AFP)
(FOTO: CHAIDEER MAHYUDDIN / AFP)

Повеќе од 90 отсто од Индонезијците се муслимани, но најголем дел од нив практикуваат умерен облик на исламот.