Индонезискиот авион удрил во планина

Исчезна индонезиски авион со 54 патници во регионот на Папуа
Исчезна индонезиски авион со 54 патници во регионот на Папуа

Индонезискиот авион удрил во планина. Оваа претпоставка и официјално е потврдена, откако претходно анонимни извори даваа слични претпоставки за тоа што би можело да се случи со авионот што во саботата исчезна од радарите.

Жители на провинцијата Папуа на крајот од истокот на Индонезија известиле дека авионот  што во саботата исчезна со 54 патници, се срушил на тоа подрачје, изјави официјално лице од компанијата „Тригана ер“. Според информациите, авионот што во саботата исчезна од радарите, удрил во планина. Оперативниот директор Бени Сумарјанто изјави дека компанијата добила известување за пад на авионот од едно село во близина. Информацијата е потврдена од генералниот директор за авиосообраќај при индонезиското министерство. Тој изјавил дека според исказите на очевидци, авионот удрил во планина.

Авионот го пронашле жители на селото. Според нив, индонезискиот авион удрил во планина. Во тек е  процедура за верификација, изјавил директорот.

Што се случило со исчезнатиот индонезиски авион?
Што се случило со исчезнатиот индонезиски авион?

Инаку, авионот на индонезиската компанија со 54 патници исчезна во регионот на Папуа Нова Гвинеја.

Шефот на индонезиската национална управа за потраги и спасување за Ројтерс во саботата потврди дека контактот со авионот е изгубен.

На Твитер се наведува дека авионот кој летал на домашна линија, е на компанијата „Тригана ер“ и во него се наоѓале 44 возрасни патници, пет деца меѓу кои и бебиња и пет членови на екипажот.

Индонезискиот авион удрил во планина, како што се претпоставуваше

Претходно се претпоставуваа повеќе можни сценарија што можело да се случи со авионот. Според анонимен извор од авиокомпанијата, овој авион, кој сообраќал на национална релација, удрил во планина, при што сите патници и членови на екипажот загинале.

Инаку, поради лошите временски услови и намалената видливост потрагата мораше да биде прекината, имајќи предвид дека станува збор за планинска област.

Авионот „ATR 42“, во кој се наоѓале 54 патници, меѓу кои и пет деца, и членови на екипажот, исчезнал од радарите додека се наоѓал над реон на источната индонезиска провинција Папуа.

Не сме сигурни што се случило со авионот и соработуваме со локалните власти, изјави во саботата портпаролот на индонезиското Министерство за внатрешни работи.

Авионот летал од аеродромот „Сентани“ во Џајапура, престолнина на провинцијата Папуа, до јужниот град Оксибил. Летот требал да трае околу 45 минути.

Во текот на минатиот месец беа пронајдени остатоци и од исчезнатиот малезиски авион, повеќе за ова на следниот линк.