Индустриското производство во ноември поголемо за 11,5 отсто

Зголемен бројот на вработени во индустријата
Зголемен бројот на вработени во индустријата

Индустриското производство во ноември бележи раст од 11,5 проценти во споредба со истиот месец минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Најголем пораст од 17,5 проценти има во секторот Прехранбена индустрија, а опаѓање се бележи во секторот „Рударство и вадење на камен“ за еден процент и во секторот „Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 21,3 проценти.

Гледано по главните индустриски групи, пораст има кај Интермедијалните производи, освен енергија за 1,4 отсто, кај Капиталните производи за 34,2 отсто, Трајните производи за широка потрошувачка за 11,5 проценти и кај Нетрајните производи за широка потрошувачка за 22,5 проценти, додека опаѓање има кај Енергијата за 16,9 отсто.