Индустриското производство во пораст

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во март 2015 година, во однос на март 2014 година, изнесува 100.6.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во март 2015 година, во однос на март 2014 година, бележи опаѓање од 7.4%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 1%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 15.1%.

Според главните индустриски групи, производството во март 2015 година, во однос на март 2014 година, бележи пораст кај Енергија за 6.3 %, Капитални производи за 26.9% и Трајни производи за широка потрошувачка за 31.1%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2.4% и Нетрајни производи широка потрошувачка за 4.5 %.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – март 2015 година, во однос на периодот јануари – март 2014 година, изнесува 101.5.