Индустриското производство забележа скок од 9,5 отсто

Индустриското производство во декември 2013-та година, во однос на истиот период во 2012-тата, бележи пораст од 9,5 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2013
година, во однос на декември 2012 година, бележи опаѓање од 4,2 отсто, во секторот Преработувачка индустрија
бележи пораст од 13,1 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст
од 1,9 отсто.

Според главните индустриски групи, производството во декември 2013 година, во однос на декември 2012 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4,8 отсто, Капитални производи за 43,8 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 4,3 отстои Нетрајни производи за широка потрошувачка за 14,2 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за 7,1 отсто.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари-декември 2013 година, во однос на периодот
јануари-декември 2012 година, изнесува 103.2, што е пораст од 3,2 отсто.