Инџиково без вода

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информира дека поради дефект без вода ќе остане дел од населбата Инџиково.

Станува збор за улицата 2 број 115 каде се појавил дефект на водоводната мрежа. Корисниците од овој дел на Скопје, се без вода од 12:10 часот, па се до санирање на дефектот.