сабота, 26 ноември 2016  |  Вести денес: 19

Инегриран пристап за јакнење на капацитетите на стручното образование

Во моментов се работи на реформа на четиригодишното техничко образование, за што, задолжен е Меѓународен експертски конзорциум кој по неколкумесечна интензивна работа, веќе има изготвено структурна анализа.

dscf0107

Последни вести

 

Потребен ни е квалитетен образовен систем каде фокусот е ставен на стручното образование и обука кое ќе биде димензионирано во согласност со реалните потреби на пазарот на трудот. Ова го истакна Ајше Селмани, директор на Центарот за стручно образование и обука при потпишувањето на меморандумите за разбирање и соработка со креаторите на работни места на пазарот на трудот.

Меѓусебната соработка помеѓу овие релевантни институции ќе овозможи продуцирање компетентни, стручни и подготвени кадри за вклучување во процесот на трудот и намалување на невработеноста. Селмани истакна дека во моментов се работи на реформа на четиригодишното техничко образование, за што, задолжен е Меѓународен експертски конзорциум кој по неколкумесечна интензивна работа, веќе има изготвено структурна анализа.

dscf0104-1

На настанот, покрај потпишувањето на меморандумите за разбирање и соработка, беа доделени и благодарници за досегашната успешна соработка и придонес кон унапредување на стручното образование и обука, на Заедница на единиците на локална самоуправа, Агенција за вработување на Република Македонија, Сојуз на стопанските комори на Македонија, Стопанска комора на Македонија, Организација на работодавачи на Македонија, Занаетчиска комора на Република Македонија, Синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија и Стопанска комора за туризам на Македонија.

 

 

 

 

Најчитани вести