Инфантино: Најдоброто светско првенство во историјата

Претседателот на ФИФА, Џани ѝ се заблагодари на Русија за организацијата на мундијалот, за која рече дека била на највисоко ниво.

„Ова првенство покажа дека Русија е навистина фудбалска земја. Ви благодарам, Русија, за организацијата на најдоброто Светското првенство во историјата“, изјави Инфантино.

Мундијалот во Русија почна на 14-ти јуни и завршува еден месец подоцна, в недела на 15-ти јули со финалниот дуле меѓу селекциите на Хрватска и Франција.